Партизан по подолго време успеа да врзе две победи во Евролигата, и тоа над тимот на Дубаи (88-74) кој се наоѓаше во извонредна форма во пресрет на гостувањето во Белград. Дубаи имаше пет евролигашки победи во низа пред вечерашниот дуел, но тимот предводен од Јурица Големац капитулираше пред белградските „црно-бели“, кои со одлична одбрана во второто полувреме стигнаа до посакуваната победа.
Дубаи делуваше одлично во првата четвртина што ја доби со 18-26, а гостинскиот тим може да жали што не ја задржа предноста од 16 поени што ја имаше пред крајот на втората четвртина. На одмор се замина со 38-47 за гостите, но Партизан одигра извонредна трета четвртина добивајќи ја со 25-10 и целосно вртејќи го резултатот во своја полза.
АБА-шампионот не дозволи камбек на гостите, Партизан погоди клучни шутеви преку Џонс и на крајот заслужено се радуваше на победата.
Карлик Џонс го одигра својот најдобар меч по камбекот по повредата, реализирајќи 23 поени и 5 асистенции, Бонга постигна 14 поени, додека најефикасен кај Дубаи беше Кабенгеле со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

