Конечно крај на црната серија на Партизан во Евролигата, и тоа во пресметката против најлутиот свој ривал Црвена Звезда. Во пеколот во арена, како гостин на натпреварот, Партизан славеше во убедлив меч со 77-89, за трета победа во Евролигата.
Партизан, со исклучок на првата четвртина во која се играше максимално израмнето и заврши со предност на Црвена Звезда од 21-19, комплетно доминираше во остатокот на натпреварот целосно контролирајќи ја играта и резултатот.
Како никогаш претходно во Евролигата, избраниците на Жељко Обрадовиќ цело време имаа предност и истата ја одржуваа константно не оставајќи простор за надеж на црвено-белите до крајот на мечот. На полувремето беше 39-45 за Партизан, а потоа во второто полувреме црно-белите имаа предност и од +17 поени тотално демолирајќи ги домашните.
Tyrique Jones😡#FlightTime I @TurkishAirlines pic.twitter.com/9W54szf7ze
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 21, 2024
На крај само рутински одржувајќи ја предноста за конечни 77-89. Карлик Џоунс со 21 поени, четири скока и шест асистенции беше најдобар кај Партизан, а Лундберг заврши со 13 поени и шест скока. Кај Црвена Звезда се издвои Петрушев со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА