Партизан ќе биде домаќин на евролигашки натпревари надвор од Србија

Сезоната 2025/26 ќе донесе многу новитети за кошаркарскиот клуб Партизан кој предвидува ексанзија и надвор од границите на државата.

Имено, со оглед на тоа што домот на Партизан, „Белградска арена“ ќе биде зафатен во јануари 2026 година поради одржување на Европското првенство во ватерполо, „црно-белите“ ќе мораат да се дислоцираат, а тоа нема да биде далеку помалата сала „Александар Николиќ“, туку натпреварите во овој перио ќе бидат одиграни во други држави каде кошарката не е спорт број еден, но има голем број на српски иселеници.

„Работиме на повеќе проекти за да играме домашни натпревари надвор од Србија, на места кои не се познати по кошарката, но имаме силни конекции. Ќе биде спектакл во тие градови за нашата дијаспора, за нашите фанови. Бидејќи „Арена“ нема да биде достапна, а не сакаме да играме натпревари во помали сали како „Пионир“ ќе се соочиме со проблемот со предизвик да започнеме проект кој ниту еден друг клуб го нема пробано до сега“, најави претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

И покрај тоа што претседателот на Партизан не откри за кои градови станува збор во медиумите во Србија се шпекулира дека еден од нив ќе биде Виена.

Се вчитува...