Кошаркарите на Партизан ја прекинаа серијата од седум порази во низа во Евролигата откако вечерва во меч од 23. коло славеа на гостувањето кај Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен со 63-67.
Двата тима одиграа еден слаб натпревар со многу грешки, а на крајот само среќата која беше на страна на белграѓани беше доволна за триумф и прекинување на црната серија. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го заврши натпреварот со десет поени, надополнети со по две асистенции и два скока. Кај победникот Камерон Пејн постигна 16 поени.
Во останатите мечеви: АСВЕЛ – Жалгирис 77-96, Панатинаикос – Басконија 93-74, Барселона – Дубаи 91-89, Валенсија – Париз 98-84 и Реал Мадрид – Милано 106-77.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

