Со голем пресврт во финишот на средбата (3-2), Црвена Звезда го совлада Партизан во големото српско дерби, и се доближи до нова титула во првенството на Србија. „Црвено-белите“ сега имаат 10 бодови предност од својот ривал, и се чини дека ќе дојде до нов пехар во шампионатот.
По натпреварот ФК Партизан се огласи со соопштение во кое вели дека размислуваат дали ќе се појавот на теренот на Куп натпреварот кој е закажан за во среда.
Доколку црно-белите останат на најавената одлука за бојкот, може да се соочат со сериозни санкции.
Според дисциплинскиот правилник на Фудбалската федерација на Србија играчот или фудбалскиот работник кој го убедува тимот да од било која причина напушти теренот или не го започне мечот, ќе се казни со:
1. забрана на играње во траење од шест месеци до една година
2. забрана за вршење функција во трење од шест месеци до една година“.
Таму се додава и дека за Купот на Србија значи правило дека ако тимот не настапи на натпреварот следува парична казна или исклучување од следните натпревари. Тоа би значело дека ако Партизан бојкотира сега, веројатно ќе биде исфрлен од купот и за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА