Партизан му нуди на Макаби натпреварите од Евролигата да ги игра во Белград

Претседателот на КК Партизан Остоја Мијаиловиќ му понуди на Макаби Тел Авив своите натпревари како домаќин да ги игра во Белград.

Додека трае војната во Израел, кошаркарските настани, исто како и другите спортски настани, се откажани. Макаби нема да игра против Армани во Милано, мечот кој беше закажан за четврток од 20.30 часот.
Во меѓувреме Мијаиловиќ во името на Партизан  испрати понуда до израелскиот гигант.

„Почитуван господине Мизрахи, драги пријатели на КК Партизан и Србија. Во овие тажни моменти, во името на КК Партизан, сакам да изразам најдлабоко сочувство до вас и вашиот народ. Во тешките моменти сакам да кажам дека Макаби има искрен пријател во Србија која е подготвена да му понуди нов привремен дом со искрен дочек во Белград“, напиша Мијаиловиќ. 

Се вчитува...