Сагата поврзана за следниот клуб на Марио Хезоња никако да стивне. Хрватскиот репрезентативец самиот изрази желба да го продолжи договорот со Реал Марид, подоцна започна преговори со Барселона со која се наоѓаше на чекор до потпис, а во целата приказна вклучен е и Партизан за кој српските медиуми стигнаа до информација за износот на понудата од страна на „црно-белите“.
Имено, со најавеното заминување на Кевин Пантер во Барселона ќе се отвори голем буџет во белградскиот тим. Американецот во годишни примања од 2.4 милиони евра е убедливо најплатениот кошаркар на Партизан, а финансиското „олеснување“ во целост може да биде искористено од страна на Хрватот.
Според српските медиуми Хезоња има понуда да биде најплатениот кошаркар во историјата на клубот, надминувајќи ја границата од 2.4 милиони евра по сезона, но притоа тие не ја откриваат точната сума во понудата.
Хезоња сениорската кариера ја започна во Барселона од каде премина во НБА лигата, но и покрај тоа што настапуваше за Орландо, Њујорк и Портланд не успеа да се наметне „преку барата“. Во 2021 година се врати во Европа и го облече дресот на Панатинаикос, а пред Реал Мадрид настаи и една сезона за Уникс Казањ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА