И белградски Партизан не го заборави својот „пантер“ кој го чуваше голот на „црно-белите“ во периодот од 1973 до 1976 година кога еднаш стигна и до шампионската титула на поранешна СФРЈ.
Партизан, преку својата официјална интернет страница се збогуваше со Благој Истатов нагласувајќи дека беше голем партизановец кој долги години и по крајот на кариерата постојано ги посетувал Партизан и Белград.
„Истатов беше личност со извонредни човечки квалитети, голем партизановец. Сите овие години одржуваше контакт со Партизан, доаѓаше често на стадион да гледа натпревари на нашиот тим иако живееше во Струмица и во Дојран каде успешно разви хотелиерски бизнис. Често нашите млади категории фудбалери од Телеоптик беа на подготовки во неговиот спортски комплекс во Дојран, а неговото срце беше секогаш полно кога неговиот Партизан доаѓаше на гости. Благоја човечиште, почивај во мир. Нека ти е вечна слава и ти благодариме за се!“ – пишува меѓу другото ФК Партизан во објавата посветена за Благој Истатов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА