Партизан не може без драма во Евролигата, доаѓајќи до триумф од 78-76 против Монако во 10. коло од Евролигата, и покрај тоа што имаше и предност од +20 поени во последната четвртина. Но си „црно-белите“ Французите дури да дојдат и до предност на две минути пред крајот во неизвесна завршница во која, сепак, Партизан на крај славеше.
Во првото полувреме се играше максимално израмнето, и Партизан на паузата замина со предност од 36-32.
Но, третата четвртина одлично одиграна за составот на Жељко Обрадовиќ, која ја доби со 28-17. Слично се продолжи и во последната четвртина во која Партизан дојде до предност и од +20 поени.
Но, потоа неверојатна серија од 0-22 имаше Монако и дојде до предност од 74-76, а Партизан цели пет минути не успеа да постигне поен, откако Обрадовиќ го извади до тогаш најдобриот Покушевски и заборави да го врати во игра. Го врати во последните три минути, па Партизан дојде до водство од 78-76.
Монако дојде на 20 секунди до последен напад и за победа, но Мајк Џејмс не успеа да погоди за тројка, па на крај Партизан среќно успеа да дојде до победата.
Двејн Вашингтон беше најдобар кај Партизан со 22 поени, а Покушевски беше одличен со 17 поени и 7 скока. Кај Монако се издвои Никола Миротиќ со 17 поени и осум скока.
Фенербахче триумфираше против Макаби Тел Авив со 84-75, а Хапоел Тел Авив ја победи Басконија со 114-89. Виртус Болоња славеше против Анадолу Ефес со 99-89, а Валенсија го победи Реал Мадрив во шпанската пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

