Партизан не се откажува од посакуваното НБА засилување

Актуелниот шампион на АБА лига, Партизан се уште е по потрага по центар кој ќе донесе стабилност во рекетот. Високо на листата на желби се наоѓа едно има и целиот фокус е насмерен кон него.

Станува збор за 24-годишниот Американец Чарлс Баси кој од оваа претссезона е дел од Атланта Хокс во најсилното кошаркарско првенство – НБА лигата.

Избран од страна на Филаделфија на драфт пикот во 2021 година Баси настапи само една година за Сиксерс по што следеше ангажман во Сан Антонио за кој настапуваше од 2022 до 2025 година.

Баси во текот на кариерата имаше две потешки повреди кои го спречија да го покаже својот потенцијал па во просек бележи скромни 4.4 поени и 4.2 скокови.

Се вчитува...