Во моментите додека се очекува официјалната промоција на Жоан Пењароја како нов тренер на Партизан, „црно-белите“ веќе со сериозни засилувања сакаат да донесат свежина и во играчкиот кадар.
Како што објави Курир од сигурни извори, црно-белиот дрес ќе го носи Камерон Пејн, долгогодишен НБА кошаркар.
Неговото доаѓање претставува едно од најгласните засилувања на Партизан во тековната сезона. Американскиот плејмејкер играше за многу тимови во НБА како Индијана, Њујорк, Филаделфија, Феникс, Кливленд, Чикаго, Оклахома…
Пејн пристигна во НБА како пик од првата рунда на драфтот, но неговата прва сезона беше обележана со чести промени на клубот и борба за минути. Многумина го отпишаа тогаш, но тој период беше клучен за неговото созревање. Наместо да исчезне од мапата, Пејн работеше трпеливо, прифаќајќи улоги од клупата и чекајќи ја својата шанса.
Иако никогаш не бил класичен лидер, Камерон Пејн се етаблираше како сигурен тимски играч – некој што ја знае својата улога и ја искористува максимално.
Минатата сезона, тој одигра 85 натпревари за Никсите во НБА, со просек од 6,2 поени, 1,3 скока и 2,4 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

