Кошаркарите на Партизан ја запишаа првата победа во новата сезона од Евролигата, триумфирајќи во 2. коло пред своите навивачи против Олимпија Милано со 80-78.
„Црно-белите“ беа подобар тим на паркетот во текот на целиот натпревар во кој имаа и предност од 45-33 на полувремето, но дозволија во последната четвртина гостите да се доближат и на само два поени и да имаат напад за победа, кој не го реализираше Гудуриќ промашувајќи обид за три поени. Па, на крај победа на Партизан од 80-78.
Најефикасен кај Партизан беше Браун со 20 поени, а Карлик Џонс запиша 15 поени. Кај Милано се издвои Шилдс со 21 поен и четири скока.
Црвена Звезда, пак, откако во првото коло загуби токму од Милано во Белград, сега доживеа и втор пораз на гостувањето од Баерн Минхен со 97-88.
Интересно, белграѓани имаа водство во текот на целото прво полувреме и во третиот период од играта, но германскиот тим со пресврт во последната четвртина успеа да дојде до победата.
Обст беше најефикасен кај Баерн со 31 постигнат поен, а Нигериецот Нвора беше најдобар кај Црвена Звезда со 27 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

