Партизан претрпе уште еден пораз во Евролигата на домашен терен, овојпат од екипата на Барселона со минимални 76-78 за ново разочарување на Жељко Обрадовиќ и неговите избраници. Српскиот тим има за што да жали ако се знае дека во голем период од мечот имаше целосна контрола над резултатот, но како пресудна се покажа лудата тројка од речиси половина терен што ја постигна Вил Клајбурн на помалку од 30 секунди до крајот.
Партизан имаше напад за израмнување, но Стерлинг Браун промаши чисто положување во рекетот, по што гостите стигнаа до огромна победа откако домашните кошаркари 20 секунди не успеаја да им направат прекршок (на крајот тоа им успеа, но беше предоцна, на една секунда до крајот).
ICE COLD WILL🧊
What a three to claim the win for @FCBbasket 😱#MotorolaMagicMoment @Moto pic.twitter.com/fVGYGMHwrb
— EuroLeague (@EuroLeague) October 31, 2025
Шенгелија беше лидер во оваа голема победа на Барса постигнувајќи 24 поени, херојот Клајбурн заврши со 14 поени, додека Вашингтон со 21 поен и Тајрик Џонс со 15 поени, 13 скокови и 7 асистенции беа најдобри во таборот на Партизан.
Басконија по катастрофалниот старт на сезоната успеа да врзе две победи, вечерва славејќи на домашен терен над Ефес со 86-75. Шпанскиот тим го контролираше резултатот од почеток до крај и заслужено славеше, благодарение на одличните Луваву Кабаро со 20 и Спањоло со 19 поени. Ларкин имаше 23 поени за Ефес, недоволно да се избегне четвртиот пораз на последните пет меча на турскиот евролигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

