Резултатската криза на Партизан се продлабочи откако „црно-белите“ го претрпеа и третиот пораз во низа во последните десет дена, овојпат на гостувањето против Фенербахче со убедливи 89-72. За разлика од последните неуспеси со Виртус Болоња и со Монако кои беа неизвесни до самиот крај, овојпат Обрадовиќ и неговите избраници капитулираа уште во пораната фаза од мечот, откак не успеаја начин да ги запрат ударите од далечина на домаќините.
Мечот беше израмнет до пред крајот на првата четвртина, кога во шутерски ритам влезе Хејс Дејвис и овозможи Фенер да се одлепи на 22-15. Фенер продолжи со истиот рецепт, погаѓајќи десет тројки од 16 обиди во првото полувреме и на одмор заминувајќи со 44-31. Турскиот гигант за момент имаше и предност над 20 разлика, рутински одржувајќи го водството до самиот крај и конечните „плус 17“.
Хејс Дејвис со 24 поени беше главна фигура во победничкиот тим, а одличен придонес даде и Биберовиќ со 17 поени, додека Гудуриќ го заврши мечот со 14 поени и 5 асистенции. Најефикасни кај Партизан на овој меч беа Нликина со 14 и Покушевски со 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА