Нема повеќе непоразени во српската Супер-лига, откако тимот на Партизан вечерва беше убедливо поразен на свој терен од ТСЦ. Во оваа пресметка „црно-белите“ влегоа без ниту еден пораз, и како лидери на табелата, но ТСЦ му одржа лекција совладувајќи го со 0-4.
Цирковиќ, Стојиќ и Радин во првиот дел донесоа тишина на стадионот на Партизан, водејќи го својот тим кон предност од 0-3, која во вториот дел беше само зголемена. Можеше Партизан да прими и „петарда“, но голот на Пантовиќ беше поништен во финишот.
Сепак, и после овој пораз Партизан останува на чело на табелата, но сега предноста од Црвена Звезда се намали од шест на три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА