Во првата четвртина црно-белите постигнаа шест тројки и беа изедначени. Реал многу се потпираше на Факундо Кампацо, кој ги разигруваше со соиграчите со асистенции.
Во втората четвртина видовме слична ситуација на теренот. Кралскиот клуб имаше мала предност, но таа беше достижна за белграѓани. Тајрик Џонс одлично се снајде во нападот на гостите, измачувајќи го Еди Таварес и терајќи го да прави фаули, па Серж Ибака добар дел од времето помина на позицијата „пет“ во тимот на Матео Чус.
На самиот почеток на вториот дел Еди Таварес направи два брзи фаули и со четири „пенали“ замина на клупата. Повторно во игра влезе Серж Ибака, а во третата четвртина видовме егал.
Сепак, во последниот дел се случи веќе видено сценарио. Реал со серија од 15:0 ги скршија „крилата“ на расположениот тим на Партизан и ја забележаа првата победа во Европа оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА