Кошаркарскиот клуб Партизан носи засилување од НБА, во името на Шеик Милтон за новата сезона во Евролигата.
Според последните информации, Партизан е на прагот да доведе искусен дефанзивец. Двете страни се во напредна фаза на преговори и целиот договор наскоро треба да биде официјализиран.
Милтон неодамна беше отпуштен од Лос Анџелес Лејкерс, на денот кога неговиот договор од 3.000.000 долари за сезоната 2025/2026 требаше да стане загарантиран и стана слободен агент, па како што стојат работите, Партизан ќе биде следната дестинација во неговата кариера.
Шеик има 28 години и ги покрива позициите плејмејкер и шутерски бек, а во НБА одигра 359 натпревари во дресот на Филаделфија 76ерс, Минесота Тимбервулвс, Детроит Пистонс, Њујорк Никс, Бруклин Нетс и Лос Анџелес Лејкерс.
Во јануари, тој го одигра најдобриот натпревар за Лејкерси со 21 поен, четири скока и четири асистенции, против Вашингтон Визардс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

