Партизан досега ги ангажираше Матеуш Понитка и Огњен Јарамаз, но претседателот Мијаиловиќ најави дека клубот ќе има рекорден буџет и допрва ќе донесе врвни засилувања на располагање на тренерот Обрадовиќ.
Прва желба беше Никола Миротиќ, но откако трансферот на овој кошаркар пропадна „црно-белите“ вниманието го насочија кон уште еден играч на Барселона. Станува збор за Аргентинецот Николас Лапровитола, одличниот бек кој се наоѓа високо на листата со желби на Жељко Обрадовиќ. Српските медиуми тврдат дека тој во моментов е примарна желба пред искусниот Калатес, а Партизан има подготвено и понуда од 600.000 евра за да ги убеди челниците на Барселона да дадат зелено светло за Лапровитола да се пресели во Белград.
Овој кошаркар мина долги години во Шпанија бранејќи ги боите на Басконија, Хувентуд, Реал Мадрид и сега на Барселона, но Лапровитола е отворен за опцијата за преселба во Србија, особено по позитивните искуства на неговите сонародници Вилдоза и Кампацо кои настапуваа во Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА