Тоа што беше добро познато, денеска и со официјална потврда од белградски Партизан. Црно-белите во новата сезона нема да сметаат на еден од најдобрите свои кошаркари изминативе две сезони, Џејмс Нанели.
Партизан преку социјалните мрежи информираше за разделбата со Нанели.
„По две сезони во црно-белиот дрес, Џејмс Нанели повеќе нема да игра за Партизан. Кошаркарот кој беше еден од милениците на навивачите, повеќе нема да е е дел од тимот но останува неизбришив дел од историјата на клубот како важен дел од генерацијата која ја освои седмата титула регионален шампион“ – напиша Партизан на Твитер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА