Почетокот на новата сезона во Евролигата за белградски Партизан носи гостување кај Басконија за кое тренерот Жељко Обрадовиќ нема да може дад смета на услугите на новото засилување, Ајзеа Мајк, пренесуваат медумите во соседна Србија.
Канадското крило заработи повреда на листот подготвувајќи се за новата сезона на тимски тренинг на 22. август и оттогаш нема тренирано „5 на 5“ со неговата екипа.
Дваесетиседумгодишникот работи под посебен режим, а и самиот клуб не го брза враќањето на доскорешниот кошаркар на Бург на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА