Партизан остана без триумф на 80 стотинки пред крајот… „Кралевите“ паднаа во Милано (ВИДЕО)

Предодреден за драматични натпревари сезонава во Евролигата, белградски Партизан низ уште еден трилер-меч, загуби во 26. коло на домашен терен од Баерн Минхен со 78-79.

Партизан имаше победа во свои раце, имаше и четири поени предност во последната минута од мечот, но дозволи германскиот тим да дојде до победата на 0,8 секунди пред звукот на сирената. Франциско Силваин погоди тројка за Баерн на една секунда на крајот за 78-79, а имаше Пантер шут во последниот напад на црно-белите но не успеа да погоди.

Ова е петти пораз на Партизан во низа, три во Евролигата и два во АБА, со што сега е со се помали шанси за место меѓу првите десет екипи во Евролигата.

Кевин Пантер залудно беше најефикасен кошаркар на мечот со 22 поени, а францускиот репрезентативец Франциско Силваин кај Баерн со 20 поени беше најдобар поединец.

Кошаркарите на Реал Мадрид, пак, го доживеаја и четвртиот пораз сезонава во Евролигата овој пат запрени на гостувањето против Милано.

„Кралевите“ одиграа очајно прво полувреме по кое Милано имаше предност од 48-29, па и покрај желбата да се вратат во второто полувреме не успеаја во тоа, на крај за пораз од 81-76.

Шилдс беше најдобар кај Милано со 27 поени, а Миротиќ заврши со 23 поени. Кај Реал, Џанан Муса се издвои со 12 поени и пет скока.

Се вчитува...