Кошаркарскиот клуб Партизан по лошата сезона во која не успеа да освои ниту еден трофеј прави целосен ремонт на тимот кој и понатаму ќе биде предводен од Жељко Обрадовиќ.
Искусниот српски стратег „намерачи“ неколку домашни кошаркари, а по успешните преговори со поранешниот капитен Вања Маринковиќ кој официјално се врати назад во клубот, следеа неуспешни преговори за враќање и на Александар Аранитовиќ.
Поранешниот кошаркар на Партизан во настапуваше и за Црвена Звезда на почетокот на кариерата заминува од Цибона, но во Шпанија каде во иднина ќе настапува за Бреоган. Србинот со шпанскиот клуб постигна договор за едногодишна соработка со можност истата да биде продолжена и во следната сезона.
🔒 ¡Refuerzo exterior breoganista!
Río @CBBreogan incorpora a Aleksandar Aranitovic.#MercadoACB | #LigaEndesa pic.twitter.com/NQkF8P1KRt
— Liga Endesa (@ACBCOM) June 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА