Кошаркарскиот клуб Партизан ова лето веќе претрпе големи промени во составот со бројни заминувања на клучни кошаркари како Кевин Пантер и Лек Ледеј, а на излезните врати од тимот е и репрезентативецот на Србија, Алекса Аврамовиќ и покрај тоа што има договор за уште една сезона со „црно-белите“.
За експлозивниот и енергичниот Србин постои интерес од повеќе евролигаши меѓу кои и новото „име“ на кошаркарската мапа, Париз, но тој е поблиску до договор со „гордоста на Израел“, Макаби Тел Авив, пренесуваат тамошните медуми.
Како и Партизан, ова лето драстични промени во составот ќе претрпи и Макаби од чии редови заминуваат Колсон, Болдвин и Браун па на Србинот се гледа како на идеално решение за нивна замена со оглед на намалениот буџет поради војната со Палестина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА