Секој месец иста приказна – раководството на ФК Партизан се жали на огромните долгови создадени од претходната управа, по што бара помош од државата за да бидат покриен големиот минус и клубот да избегне казна од УЕФА за забрана од настап во европските натпреварувања.
Претседателот Расим Љајиќ во вчерашниот разговор за „Курир“ обелодени дека сумата што мора да биде покриена до крајот на месец март изнесува огромни 2,9 милиони евра.
„Веќе немаме простор за маневар, до 31 март мораме да ја покриеме сумата од 2,9 милиони евра. Ги бараме тие пари на секој можен начин, се обидуваме да ги покриеме. Разговараме со банки, со успешшни бизнисмени, ќе се обратиме и на државата ако немаме друг излез. Мониторингот на УЕФА е задолжителен, обврските мора да се исполнат. Добро за нас како управа е што вкупниот долг не се зголемува, туку се намалува, но тоа не го менува фактот дека парите мора да бидат најдени во најскоро време. Можеби со одредени спогодби вкупната сума би ја спуштиле до два милиони евра, но и тоа е превисока цифра“, истакна Љајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

