Партизан платил 500.000 евра за учество во Евролига

Српскиот кошаркарски клуб Партизан платил 500.000 евра за учество во Евролигата, повтрди претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ. Српскиот тим не успеа да избори учество  преку Јадранската лига, бидејќи го загуби финалето од Црвена Звезда, па мораше преку вајлд-карта да проба да учествува во елитата.

Откако Евролигата потврди дека руските тимови ќе продолжат да бидат суспендирани и следната сезона, Партизан веднаш влезе во пол-позиција за учество во натпреварувањето.

„Партизан веќе ги покажа своите намери со враќањето на Жељко Обрадовиќ. Плативме 500.000 евра за учество во Евролигата, а минималниот буџет е 7.500.000 евра“, изјави Мијаиловиќ. 

Партизан во Евролигата се враќа по пауза од осум години, кога во 2014 година последен пат беше дел од елитата.

Се вчитува...