Партизан по две продолженија ја победи Валенсија

Кошаркарската Евролига и вечерва понуди драматични натпревари, во кои само Жалгирис ја одбрани честа на гостите, славејќи изненадувачки триумф во Истанбул против европскиот првак Фенербахче со 82-92.

Најдраматично и најнеизвесно беше во Белград, каде што кошаркарите на Партизан со 110-104 ја совладаа Валенсија и тоа после два продолжетоци. Белградските „црно-бели“ се намачија да дојдат до израмнување, а потоа и по првото продолжение беше „егал“, за во второто да блесне Ник Калатес кој го однесе тимот до победата.

Стерлинг Браун запиша 31 поен, додека Џонс постигна 27. Кај Валенсија Тејлор беше најефикасен со 18 поени.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше стрелец на 12 поени во победата на Панатинаикос над Монако со 107-97.

Се вчитува...