Кошаркарите на Партизан конечно дојдоа до победа во Евролигата, триумфирајќи против Баерн Минхен со 92-85, во првиот натпревар без Жељко Обрадовиќ на клупата.
Во меч во кој партизановите кошаркари ја немаа поддршката од навивачите од трибините кои во текот на целиот натпревар скандираа „Обрадовиќ Жељко“, на крај „црно-белите“ победија благодарение на одлично одиграната трета четвртина која ја добија со 28-15.
Претходно, првото полувреме мина во знакот на Баерн Минхен кој одржуваше предност па на паузата замина со водство од 36-43.
Сепак, пресврт во второто полувреме за петта победа на Партизан сезонава во Евролигата.
Тајрик Џонс со 21 поен и осум скока беше најдобриот поединец кај Партизан, а 21 поен постигна и Двејн Вашингтон, дополнети и со шест асистенции. Кај Баерн Минхен се издвои Динвиди со 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

