Костас Слукас беше меѓу најзаслужните за одличната сезона на Олимпијакос, но откако грчкиот тим не успеа да стигне до евролигашката круна, искусниот плејмејкер сега сериозно размислува да ги промени клупските бои. Како една од најсериозните опции се споменува Партизан, чиј тренер Жељко Обрадовиќ има високо мислење за грчкиот ас, со кого заедно стигна до европска титула во Фенербахче.
За услугите на Слукас се интересираат и двата турски гиганти, Анадолу Ефес и Фенербахче, кои од финансиски аспект сигурно ќе испратат подобри понуди за грчкиот плејмејкер, но адут на Партизан во оваа трка е токму Обрадовиќ, кој лично ќе разговара со ветеранот за да го убеди да му се приклучи во Белград.
Данте Егзум речиси сигурно ќе си замине од Партизан летово, истото може да се сличи и со Мадар доколку Израелецот ја прифати понудата на Бостон селтикс, така што „црно-белите“ дефинитивно ќе мора да ангажираат нов плејмејкер за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА