Кошаркарите на Партизан, како и минатата година, и оваа нема да учествуваат во битката за шампион на Србија. Но, за разлика од минатата сезона кога сами одлучија така, сега нема да играат поради бизарна грешка на клупската администрација која не ги пријавила на време играчите за лиценцирање.
„Раководството на Кошаркарската лига на Србија им испрати на клубовите известување дека рокот за лиценцирање за Суперлигате е до 24. април. Црно-белите тоа го направиле на 29. април“ – е наведено во информацијата која ја пренесе „Спортски Журнал“.
Партизан секако има згуснат распоред до крајот на сезоната со оглед на тоа дека на 10. мај најпрво го чека мајсторката од четвртфиналната серија во Евролигата против Реал Мадрид, а поради тоа доцни и со почетокот на плејофот во АБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

