Кошаркарите на Партизан запишаа нов пораз сезонава во Евролигата откако вечерва загубија на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче со 81-78 во натпревар од 29. коло од новата сезона.
Двата тима одиграа еден израмнет натпревар во кој ниту еден тим не направи поголема разлика, но во одлучувачките моменти актуелниот шампион на Европа беше посконцентриран што на крајот резултираше со триумф од 81-78.
Хортон Такер со 29 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Бруно Фернандес постигна 18, а еден помалку имаше повратникот во тимот Карлик Џоунс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

