Кошаркарите на Партизан се поразени од Лион Вилербан во кошаркарската Евролига. Со тоа „црно-белите“ покажаа дека и натаму не можат да се соземат после поразот од Црвена Звезда, па загубија во АБА од Цедевита Олимпија, и сега од Лион, запишувајќи го деветиот пораз во 13-тиот меч во Евролигата.
А, Партизан добро влезе во мечот, и на полвуреме дури замина и со предност од еден разлика. Во вториот дел Лион го направи пресвртот во третата четвртина која ја доби со осум разлика, и така пред последниот период замина со предност од седум поени разлика.
Во последниот период избраниците на Жељко Обрадовиќ успеаја да се вратат, и да стигнат неколкупати до „егал“, но во финишот францускиот тим успеа со серија од четири поени да стигне до победата 91-87. Партизан немаше одговор за Нандо Де Коло кој уфрли 32 поени.
Реал Мадрид успеа да дојде до триумф над Баерн Минхен од 64-68 на гостувањето во Германија. „Кралевите“ имаа проблеми само во првиот дел од средбата, кога на моменти Баерн беше и во предност, меѓутоа на крајот тимот од Мадрид стигна до триумфот благодарение на 14 поени на Таварес кој беше најефикасен, заедно со Хантер од Баерн кој постигна ист број на поени.
Кошаркарите на Олимпија Милано беа шокирани на домашен терен од Макаби Тел Авив и загубија со 71-77. Израелците до победата дојдоа во последниот период, кој го добија со 12-18 што беше клучно за победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА