Кошаркарите на Партизан ќемора да одиграат мајсторка за пласман во финалето на српскиот шампионат. Избраниците на Жељко Обрадовиќ победија во првиот меч со 82-72, во вториот беа поразени со 92-88, па финалистот ќе биде познат по дуелот во „Белградска арена“, закажан за 30. мај.
По мечот тренерот на „црно-белите“ распали по судиите…
„Сега е јасно за каква лига се работи, а тоа го навестив по поразот во финалето на АБА лигата. Господинот делегат е тука, претпоставувам дека некој ќе се погрижи за ова во наредниот период, бидејќи едноставно не можете да се изборите против некои работи. За прв пат во животот доживеав да им се обраќам на судиите со „ВИЕ“, а тие со „ТИ“. Не сум доживеал никогаш такво нешто. Се вртам кон судиите и тие велат седни и оставиме да судам. Моето прашање беше дали сум подобен за предизвикот. Тоа е лигата, сето ова го очекувавме, нема изненадувања“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

