Кошаркарите на Партизан со победа ја започнаа новата 2024 година во Евролигата. Во Белград вечерва го совладаа сотавот на Асвел Лион Вилербан со 90-77. Резултатот беше во „егал“ само на почетокот на средбата, а потоа целосна доминација на белградските „црно-бели“. На полувремето заминаа со предност од 19 разлика, а пред стартот на последниот период имаа и предност од 24. Во еден миг избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа предност од 31 поен разлика.
Меѓутоа во последниот период опуштање на домашните кошаркари, кое не го платија скапо, со оглед дека резултатот беше недостижен, па гостите само успеаја да намалат од разликата и да стигнат до „подносливи“ минус 13.
Стрелец број еден на средбата беше Скот од Лион, додека кај победничкиот тим незадржлив беше Пантер кој постигна 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА