Партизан без никакви проблеми славеше против Задар со 100-75 во 20. коло од АБА регионалната лига.
Жељко Обрадовиќ давајќи минутажа за кошаркарите кои имаат помала во Евролигата, им овозможи да се истакнат Балша Копривица, Аријан Лакиќ, Ајзеа Томас и останатите кои лесно остварија победа против хрватскиот тим.
Партизан поведе со 22-16 уште во првата четвртина, а потоа за повисока победа клучна беше последната четвртина која црно-белите ја добија со 28-15, за конечни 100-75.
Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Лундберг со 17 поени, а најдобар поединец беше Балша Копривица со 16 поени и осум скока. Лакиќ мечот го заврши со 11 поени и три асистенции. Кај Задар се издвои Мазалин со 21 постигнат поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА