Белградски Партизан ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа откако во реванш натпреварот од плејоф квалификациската рунда ремизираше (1-1) на гостувањето против норвешки Молде.
По триумфот од 2-1 на првиот натпревар во Белград, „црно-белите“ си обезбедија европска есен во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Молде дојде до предност со голот на Нигериецот Џејмс Лик во 72. минута, но Милетиќ постигнувајќи прекрасен гол со глава во 80. минута го донесе израмнувањето за огромна радост на Партизан.
Србија, како што е познато, ќе има свој претставник и во групите од Лигата на шампионите откако Црвена Звезда се избори за тоа по елиминацијата на швајцарски Јанг Бојс.
Во групната фаза од Лигата на Европа се пласираа и азербејџански Карабах, дански Копенхаген, па Селтик, ПСВ Ајндховен, Слован Братислава, шведски Малме, казахстанска Астана, шпански Еспањол, португалска Брага…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА