Партизан, сепак, ќе го игра утрешниот натпревар против Црвена Звезда во полуфиналето од Купот на Србија од 19 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.
Претходно, клубот соопшти дека нема да го игра натпреварот во знак на револт на случувањата викендов во првенството, но сега Управниот одбор донесе конечна одлука да се игра утрешниот дуел поради обврската кон навивачите, историјата на клубот и самото Куп-натпреварување.
„Управниот одбор донесе одлука ФК Партизан да настапи во утрешното полуфинале од Купот на Србија. Иако незадоволни од состојбите во домашниот фудбал, каде нашиот клуб има нерамноправен третман од страна на ФСС и судиската организација, пред се поради одговорност кон играчите, навивачите, историјата на клубот и самото натпреварување, донесена е одлука за одигрување на натпреварот. Спортската јавност беше сведеок на срамен третман на клубот и нашите играчи од страна на судијата Павле Илиќ, кој бесрамно по налог судеше на мечот изминатиов викенд и го режираше крајниот резултат на последните две ‘вечни дербија’. Својот револт од третманот на клубот од ФСС и судиската организација Партизан ќе го искаже утре на самиот натпревар на специфичен начин“ – се вели меѓу другото во соопштението од ФК Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА