Партизан сериозно ослабен отпатува за Италија

Партизан со супер-пресврт славеше над Хапоел и ја прекина црната серија во Евролигата, но „црно-белите“ утре ги очекува нов сериозен предизвик, гостување против Олимпија Милано.

Проблемите се уште посериозни ако се земе во предвид долгата листа на повредени играчи, поради која тренерот Пењароја нема да може да смета на шестмина кошаркари.

„Повредени се Вања Маринковиќ, Двејн Вашингтон и Алексеј Покушевски, кој се уште има болка во коленото. Во аут е и Шејк Милтон, како и Накиќ и Карлик Џонс кои се повредени подолг период“, изјави Пењароја пред тргнувањето за Италија.

Новост е што Џабари Паркер ќе патува со тимот и ќе добие шанса и покрај катастрофалната форма во која се наоѓа, а на списокот на патници е и младиот Финец Муринен, кој е целосно игнориран од доаѓањето на Пењароја на клупата.

Се вчитува...