Партизан триумфираше на гостувањето против Задар со 71-75 во драматичен меч во 5. коло од регионалната АБА лига.
Во салата „Крешимир Чосиќ“ во Задар, Партизан ја продолжи победничката серија врзувајќи четири едноподруго победи, по оние претходно со Подгорица (80-60), и против Баерн (86-78) и Макаби Тел Авив (91-79) во Евролигата.
„Црно-белите“ имаа предност од 31-42, имаа и поголема предност, но во третиот период од играта со голем пад дозволија Задар да дојде до водство и од 58-54. Сепак, не дозволија изненадување.
Во финишот од мечот, Партизан дојде до предност од 69-73 на 45 секунди до крајот. Но, со два одлични напади, на десет секунди до сирената, Задар дојде до 71-73 и со промашени две слободни фрлања, за да се заокружи со конечни 71-75.
Најефикасен кај Партизан беше Бонга со 16 поени и пет скока, Балша Копривица имаше 11 поени и седум скока, а кај Задар се издвои Михаиловиќ со 29 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА