Партизан славеше на гостувањето кај Виртус Болоња

Кошаркарите на Партизан стигнаа до победа на гостувањето во Италија кај Виртус Болоња со 82-88 во натпревар од 31. коло од сезоната во Евролигата.

Двата тима одиграа еден израмнет натпревар во кој на крајот подобри беа белграѓани кои заслужено стигнаа до триумф од 82-88. Карлик Џоунс со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Карсен Едвардс.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...