Партизан славеше над Црвена звезда во вечното дерби во Евролигата

Кошаркарите на Партизан стигнаа и до шестата победа во низа во Евролигата сезонава откако вечерва во вечното дерби славеа на гостински терен кај Црвена звезда со 82-89 во меч од 35. коло.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, па на пауза се замина во егал 38-38. Слично беше и во третиот период во кој за нијанса подобри беа гостите па пред последните десет минути влегоа со предност од 55-58. Избраниците на Пењароја одлично го отворија последниот период и брзо стигнаа до позитива од плус петнаесет 57-72. Во финишот направија кошаркарите на Партизан голем број грешки, но Звезда успеа само да го ублажи поразот 82-89. Карлик Џоунс со 26 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 24 поени на Коди Милер-Мекинтаер.

Во останатите мечеви од денешната програма: Хапоел Тел Авив – Панатинаикос 92-88, Жалигирис – Барселона 83-71, Дубаи – Монако 101-91, Париз – Милано 103-93 и Макаби Тел Авив – Анадолу Ефес 103-89.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...