Кошаркарите на Партизан ја запишаа и втората победа во годинашното издание од Евролигата, триумфирајќи против Макаби Тел Авив со 79-91.
За разлика од претходните натпревари кога „црно-белите“ доминантно играа низ првото полувреме, а потоа следеше неочекуван пат во последната четвртина, овој пат третиот и четвртиот период одлучија за победата на Партизан.
Откако белграѓани имаа негатива од 46-42 на полувремето, потоа ја добија третата четвртина со 18-24, и откако го презедоа водството во финишот на третиот период потоа максимално контролираа во последната четвртина па на една минута пред крајот дојдоа до предност и од +10 (77-87). На крајот за конечна победа од 79-91.
Браун со 20 поени и Бонга со 14 поени беа најефикасни кај Партизан, а Рендолф со 19 поени се издвои кај Макаби Тел Авив.
Претходно, Фенербахче со 71-78 триумфираше против Алба Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА