Партизан со нов двоцифрен пораз, Монако ја растури Барса

Резултатската криза на Партизан се продлабочи со нов двоцифрен пораз, овојпат на гостувањето против Валенсија со 86-73. „Црно-белите“ за разлика од последните средби вечерва барем покажаа карактер, на стартот имаа двоцифрена предност, а потоа беа во резултатски егал се до последната четвртина, во која домаќините се одлепија резултатски и стигнаа до победата.

Томпсон беше прва виолина во оваа победа на Валенсија постигнувајќи 17 поени, 14 реализираше Риверс, додека најефикасни кај Партизан во новиот пораз беа Бонга со 17 и Браун со 15 поени.

Монако неочекувано лесно и убедливо на гостински терен ја декласираше Барселона со 74-90. „Кнезовите“ целата работа си ја завршија во првото полувреме во кое поведоа со 30-47, предност што потоа рутински ја задржаа во преостанатите 20 минути од овој меч.Мајк Џејмс беше прв стрелец на Монако со 19 поени, а одличен меч одигра и центарот Хејс со 15 поени.

Асвел за првпат сезонава врза две евролигашки победи во низа, триумфирајќи во француската пресметка со Париз со 94-89, меч во кој брилијантен за победничката екипа беше Вилсон со 28 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...