Партизан осигура уште едно засилување за наредната сезона откако потпиша договор со Американецот Дуан Вашингтон, кој самиот ја потврди информацијата за преселба во белградскиот евролигаш.
„Нов дом, брате“, напиша Вашингтон на својот твитер-профил, крај сопствена фотомонтажа во дресот на Партизан.
Станува збор за кошаркар кој настапува на бековската позиција кој има НБА-искуство од настапите за Индијана, Феникс и Њујорк. Најдобра сезона во најсилната лига во светот му беше 2021/22, кога одигра 48 средби за Индијана и за просечни 20 минути на теренот бележеше по 9,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар.
Се очекува тој дополнително да ја засили бековската линија во тимот по ангажманот на Карлик Џонс, Ифе Лундберг и Френк Нтиликина.
Нови дом! Brate!⚫️⚪️ pic.twitter.com/iNQcCIaayj
— Duane Washington Jr. (@dwizjr) July 31, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА