Партизан со понуда за кошаркар кој дал 51 поен на меч во НБА

Партизан во последната седмица ги комплетираше трансферите на Доужер и на Камински, а „црно-белите“ преговараат и за ангажман на трето засиалување од НБА-лигата.

Станува збор за Теренс Рос, 32-годишен кошаркар висок 198 сантиметри кој ќе остане запаметен по извонредната партија во дресот на Торонто на дуелот со ЛА Клиперс во јануари 2014 година, кога успеа да постигне фантастични 51 поен. Рос воедно беше и победник на натпреварот за забивање на олстар викендот во 2013 година и нема сомнеж дека би бил атрактивно засилување за тимот на Жељко Обрадовиќ, а Американецот како гостин на еден американски подкаст потврди дека има на маса понуда од тимот од Белград.

„Да, имам понуда од Партизан. Ми беше понуден договор, а јас си помислив… кој да знае, кој да знае“, изјави Рос, кој за единаесет сезони во НБА-лигата има просек од 11 поени и 2,8 скока по натпревар.

Тој се уште нема донесено одлука за иднината, па останува да се види дали од неколкуте понуди на маса ќе ја избере онаа на Партизан.

Се вчитува...