На српскиот евролигаш Партизан му престојат две гостувања во новото двојно коло во Евролигата. Во вторник „црно-белите“ силите ќе си ги одмерат со Асвел, а два дена подоцна и со Олимпија Милано на македонскиот репрезентативен бек, Ненад Димитријевиќ.
Во пресрет гостувањата во Франција и Италија, тренерот Жељко Обрадовиќ се соочува со огромни кадровски проблеми. Неизвесни се дури шест кошаркари за престојните натпревари од големо значење за исполнување на амбицијата, место во доигрувањето на сезоната.
Вања Маринковиќ, Митар Бошњаковиќ, Алексеј Покушевски, Исак Бонга, Френк Ниликина и Дуејн Вашингтон поради повреди би можеле да не бидат дел од следните две средби, пренесуваат српските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА