Кошаркарите на Партизан се први финалисти во кошаркарската АБА лига, откако во мајсторката вечерва во Бeлград го совладаа тимот на Дубаи со 114-97, и така со 2-1 го трасираа патот кон меч во битка за пехарот.
Белградските „црно-бели“ имаа големи проблеми во првиот дел да фатат ритам, со оглед дека Дубаи беше во предност. Првата четвртина Дубиа ја доби со 23-32, а Партизан успеа да фати ритам во вториот период, па на полуфреме се замина само со поен предност во корист на Дубиа.
Сепак, клучниот момент се случи во третиот период кој Партизан го доби со 34-20, и си го трасираше патот кон победата и кон финалето. Таму Партизан ќе игра со подобриот од дуелот Будучност – Црвена Звезда, кој се игра во Подгорица.
Бертанс кај Дубаи и Вашингтон кај Партизан имаа по 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

