Раководството на Партизан се јави со соопштение по хаотичниот синоќешен дуел со Црвена Звезда на кој гостите долго седеа во соблекувалната, за кога кошаркарите на Партизан ја напуштија белградска Арена, „црвено-белите“ се вратија на терен и за тоа ќе добијат службена победа од 20-0 што ќе им ја донесе и шампионската титула во српското првенство.
„Црно-белите“ одлуката за самиот прекин ја нарекоа скандалозна, исто како и натамошните случувања.
„Вториот меч од финалето е прекинат при водство од 57-45 на 7:55 секунди пред крајот на третата четвртина. Првиот судија го прекина мечот поради навредите кон Весна Човиќ од страна на публиката, што е за првпат во историјата на нашата кошарка меч да биде прекинат поради вербален конфликт. САмо за потсетување, на последните средби навредувани беа Жељко Обрадовиќ, Зоран Савиќ, Кевин Пантер, Алекса Аврамовиќ, Немања Недовиќ, но мчевите ниту за секунда не беа прекинувано. Откако е барано салата да се испразни,нашата екипа долго чекаше на теренот, за од службените претставници да добиеме информација дека од судиите им било кажано дека натпреварот е прекинат и ќе биде продолжен во наредните 24 часа. Тогаш целата екипа се упати кон соблекувалната, а кошаркарите добија слободно за да си заминат во своите домови. Кога изненадувачки судиите и играчите на Црвена Звезда се појавија на терен повеќе од еден час по прекинот, нашите играчи веќе беа кон своите домови. Црвена Звезда, судиите и делегатот очигледно сакаа на ваков начин да биде доделена титулата на Црвена Звезда, а КК Партизан не сака да учествува во ваков скандал“, порачуваат од Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА