Раководството на КК Партизан објави дека е завршена акцијата „Еден Партизан имаме“, покрената со цел да се помогне во собирањето на средства што ќе се уплатат за намалување на долгот кон државата на име данок што „црно-белите“ го имаат со години наназад.
Според објавата на управата, Партизан собрал фантастични 196.358.862 денари, или околу 1,7 милиони евра, сума што ќе биде искористена за намалување на долгот кој достигнува седум милиони евра.
„Акцијата за собирање на средства за подмирување на даночниот долг е завршена. Пред се, благодарност до навивачите кои иницираа уште една приказна за големата љубов и нераскинливата врска меѓу оние кои се борат на теренот и оние на трибините“, објави Партизан.
Akcija prikupljanja sredstava za namirenje poreskog duga je završena! Na prvom mestu, hvala navijačima koji su akciju inicirali i pokrenuli još jednu priču o neraskidivoj ljubavi između onih koji se za crno-bele bore na terenu i tribinama. pic.twitter.com/24gqHyTzuI
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) May 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА