Партизан суспендиран од ФИФА до 2027 година!

Партизан се наоѓа пред Црвена Звезда на табелата во српскиот шампионат, но „црно-белите“ се соочуваат со нов огромен проблем откако им беше изречена нова казна – суспензија за трансфери до јули 2027 година.

Ова практично значи дека белградскиот клуб нема да може да биде активен во следните три преодни рока, што е огромен проблем со оглед на фактот дека Партизан и моментно има сериозно лимитиран ростер со голем број млади фудбалери.

Причината за суспензијата е добро позната – големите финансиски долгови што претходната управа на клубот ги направи. Во случајов, станува збор за долг од 1,3 милиони евра кон поранешниот фудбалер Патрик Андраде.

Овој играч го доби Партизан пред судот на ФИФА, по што е донесена одлука српскиот клуб целосно да му ја исплати сумата и додека тоа не се случи „црно-белите“ нема да смеат да регистрираат нови фудбалери во својот ростер.

Се вчитува...