Партизан продолжува со одличниот победнички ритам во Евролигата, триумфирајќи и на гостувањето против Олимпија Милано со убедливи 70-90 во 22. коло од најсилното европско клупско натпреварување.
Домашниот состав на Еторе Месина имаше некаква контрола на играта во првото полувреме кое заврши со предност на Милано од 40-37, но им се случи целосен распад во второто полувреме кое Партизан го одигра на максимално високо ниво. Па, по убедливата побреда претходна против Лион Вилербан, сега „црно-белите“ повторно триумфираа со убедлива разлика, за конечни 70-90.
Најдобри кај Партизан беа Стерлинг Браун со 26 поени и седум скока, како и Карлик Џоунс со 23 поени и девет асистенции. Тајрик Џоунс заврши со 22 поени. Кај Милано се издвои Никола Миротиќ со 16 поени и шест скока. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ поради повреда не беше во составот на Милано.
И Париз славеше убедлива победа од 96-83 против Макаби Тел Авив. Ворд со 18 поени беше најефикасен кај Париз, а македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс повторно одличен заврши со „дабл-дабл“ ефект од 11 поени и 14 асистенции, а дополнети и со пет скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

